[ФОТО] Синот на Трамп ја нападна Џенифер Лопез: „Дефинитивно треба да ја слушате поранешната девојка на Паф Деди“

Точка

02/11/2024

18:12

2.929

Големина на фонт

а а а

Еден ден откако латино дивата Џенифер Лопез ја поддржа Камала Харис на митингот во Лас Вегас, синот на Доналд Трамп жестоко ѝ возврати.

Нè делат само три дена од моментот кога ќе знаеме кој влегува во Белата куќа.


Наследникот на републиканскиот кандидат на претседателските избори во Америка, Доналд Трамп, кој се појави во камион за ѓубре на митингот во Висконсин, предизвика бура на социјалните мрежи со коментарот кој го објави на својот Инстаграм профил заедно со фотографија од холивудската дива Џенифер Лопез.


Доналд Трамп Јуниор ја сподели објавата на американскиот ТВ водител Бак Секстон од „X“, истакнувајќи дека овој познат Американец ја кажал вистинската поента со следниот коментар: „Кога станува збор за донесување одлуки, дефинитивно треба да ја слушате поранешната девојка на Паф Деди.“

Неговата објава предизвика лавина од коментари:

„Дамата што не може да го спаси својот брак и е дел од шемите на Диди … прескокнувам“, „Оди си, Џеј Ло! Секој што бил на забавите на Паф Деди нема што да зборува“, „Пензионирај се, Џеј Ло! Латиноамериканци за Трамп!“.


Други прашуваа: „Зошто сите луѓе на Паф Деди ја поддржуваат Камала Харис?“, а имаше и такви кои истакнаа:

„Јас сум Кубанец и таа не зборува во мое име“.

Некои од коментарите се однесуваа и на приватниот живот на Џеј Ло.

„Колку пати беше мажена? Пет?“, алудирајќи на тоа дека Лопез се мажела четири пати.

„Не можам да поднесам да ја гледам сега. Јас сум нејзин голем обожавател уште од филмот за Селена, но пред неколку години сфатив дека таа не е толку паметна“,напиша еден од следбениците на Доналд Трамп Џуниор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг