Кајли Џенер се соблече: Ријалити ѕвездата сподели фотографија во шокантно издание, го ископира филмот со Деми Мур

Точка

01/11/2024

17:31

5.420

Големина на фонт

а а а

Во објава споделена на Инстаграм во четврток, 31 октомври, Кајли позираше покривајќи го телото со рацете …

Кајли Џенер се соблече пред Ноќта на вештерките!

Ѕвездата се маскираше во Деми Мур од филмот „Стриптиз“ Овој костим беше еден од нејзините многубројни костими оваа година.

Во филмот, Мур ја игра Ерин Грант, жена која се врти кон стриптизот за да заработи пари за битката за старателство против нејзиниот поранешен сопруг.

Џенер го рекреираше постерот за овој филм.


Во објава споделена на Инстаграм во четврток, 31 октомври, Кајли позираше прекривајќи го нејзиното тело со раце. Таа во објавата ја означи Деми Мур.

Мур ја сподели објавата на својот Инстаграм, пишувајќи: „Го овожувам ова!!“. Таа ја објави и својата верзија на филмскиот постер, пишувајќи: „Совршено @kyliejenner“.

Во друга објава на Инстаграм, Џенер ја носеше долната облека што ја носеше Деми во филмот, пишувајќи „Стриптиз 96“.


Џенер е позната по тоа што се труди да ја направи Ноќта на вештерките незаборавна.

Секоја година воодушевува со различни костими. Во 2016 година, таа се маскира во Кристина Агилера од нејзиниот спот за песната „Dirty“.


Необичните панталони и соодветната јакна одлично се совпаѓаа со стилот на Агилера. Со панталоните носеше и црвено-бело бикини. Пирсинг на носот и русата коса дополнително го разубавија изгледот.

Џенер, исто така, ги воодушеви обожавателите кога се маскираше во Ариел од „Малата сирена“ во 2019 година.

Изгледот го заокружила со црвена перика, бело мрежесто болеро и чанта во облик на риба, пишува "People".