[ФОТО] Пред 14 години беше убиена најубавата српска пејачка: Ќе се снима филм за нејзиниот живот

Точка

30/10/2024

22:22

7.248

Големина на фонт

а а а

Пред повеќе од 14 години беше убиена Ксенија Пајчин, пејачката која многумина ја сметаа за најубавата жена во Србија, а во моментот на смртта имаше 33 години.

Нејзиното момче Филип Каписода на 16 март 2010 година ја уби во нејзиниот стан во Белград, а потоа се самоуби.

Меѓутоа сега ќе се снима филм за Ксенија, пишува нова.рс. Актерот Раде Ќосиќ, кој ќе биде копродуцент, изјави дека филмот нема да се занимава само со тој дел од нејзиниот урбан и контроверзен живот, туку дека приказната ќе започне од почетокот на нејзиниот живот.


„Ќе биде игран филм, го имам целото сценарио. Ќе правиме кастинг низ целиот регион, ќе бараме девојка која покрај физичкиот изглед мора да има и сличен карактер каков што имаше Ксенија. Дури и физичкиот изглед е не толку важен како што е карактерот, тој филм ќе биде споменик на Ксенија“, изјави Раде за српските медиуми.

„Филмот ќе биде важен за сите жени во Србија но и пошироко. Преку херојството на Ксенија, тие ќе разберат дека ништо не е залудно“, додаде тој. Исто така Раде вели дека и мајката на Ксенија се согласила да се сними филм за животот на нејзината ќерка.


„Најубавото девојче“

Потсетуваме, според извори блиски до истрагата, телото на Ксенија Пајчин било пронајдено во ходникот, а телото на Филип Каписода во собата, додека до него се наоѓал пиштолот. Пејачката имала влезна и излезна рана на главата, додека Каписода имал само излезна рана на темето, што укажувало на тоа дека Каписода ја убил Ксенија, а потоа си пукал в уста.


Парот наводно се расправала со денови пред таа кобна вечер во 2010 година, а се карале поради љубоморниот испад, кон кој бил склон Каписода. Драгана Мирковиќ пред неколку години изјави дека Ксенија ја барала неколку дена пред смртта, но дека не успеале да разговараат.


„Таа беше преслатка и најубава девојка. Имаше 15 години кога почна да работи со мене, кога почна да танцува во групата. Немам видено поубаво девојче од неа“, изјави тогаш Драгана за српските медиуми.

Која беше Ксенија Пајчин?

Ксенија ја започна својата кариера како танчарка во дискотеки. Потоа стана дел од групата „The Duck“. Со хитот „Dačo, volim te“, групата постигна популарност кај помладата публика низ Србија.


Кариерата ја продолжи со снимањето на својот прв од двата албума, „Ксенија“, со популарната песна „Sviđa mi se on“. Ксенија исто така беше сопственичка на училиште за танц во Белград, а еден период од нејзиниот живот го поминала во Грција, работејќи како танчарка во познати ноќни клубови.

Во 2000-тите, таа стана многу популарна, и ја објави песната „Dečko mi je umoran“, која стана хит во балканските земји. Ксенија исто така краток период се занимавала и со актерството, а глумеше медицинска сестра во серијата „Наша мала клиника“ (српската верзија), а беше и водителка на неколку српски емисии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг