[ФОТО] Потполно непрепознатлива: Една од најубавите жени во Холивуд објави нова фотографија за Ноќта на вештерките и ги шокираше своите фанови!

Точка

01/11/2024

16:34

4.912

Големина на фонт

а а а

Славната холивудска актерка Деми Мур е една од најубавите жени на светот, но со својата маска по повод празникот „Ноќта на вештерките“ кој традиционално се слави секој 31 октомври во Америка, ги шокираше сите.

Имено, Деми се потрудила својот костим да го направи специфичен и оригинален, па се маскирала во зомбифицирано суштество и целосно го променила својот личен опис.

Иако е јасно дека е вложено многу труд и време, откако таа ги објави фотографиите на Инстаграм, следбениците ѝ порачаа дека ова е епохално, иако ги имаше и оние што рекоа дека претерала.

„Морничаво!“, „Навистина претера!“, „Ова изгледа премногу реално!“, „Треба да ја освоиш секоја награда“, „Овде мириса на Златен глобус и на Оскар“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.


.Меѓутоа, како што изјавила актерката, овој костим е инспириран од нејзината нова улога во филмот „Супстанција“ (The Substance) во кој ја игра Елизабет, жена која на својот 50-ти роденден открива дрога на црниот пазар со која може да направи посовршена верзија од себе.

Инаку, Деми Мур ја глуми главната улога во филмот „Супстанцијата“ („The Substance“), кој премиерно беше прикажан на 19 септември и беше опишан како „најексплицитниот филм досега“, поради кој некои гледачи ги напуштиле киносалите. Мур го отелотвори ликот на Елизабет Спаркл , а заплетот на филмот се обидува да ги прикаже невозможните холивудски стандарди за убавина. Според „Дејли мејл“, најмалку 20 луѓе ја напуштиле премиерата на филмот во Лондон и го опишале филмот како „брутален“. Повеќето луѓе го гледале филмот „низ прсти“.