Октомври, светски признат како месец на свесност за рак на дојка, беше месец исполнет со поддршка, акција и солидарност во борбата против оваа болест. Компанијата Виталиа, како дел од својата мисија за промоција на здрав и активен животен стил, гордо стои покрај пациентите, и здравствените работници преку иницијативи за подигнување на свесноста за важноста на здравјето и превенцијата, како и преку донации за поддршка на заедницата.
Виталиа е посветена на поддршка на здравјето преку избалансирана исхрана, при што препорачува производи со функционални придобивки кои поддржуваат здрав начин на живот, особено за оние со посебни здравствени потреби. Пробиотските производи на Виталиа придонесуваат за подобрување на имунитетот и одржување на здрав дигестивен систем, што е од витално значење за оние со ослабен организам. Покрај тоа, сировите барови и протеинските производи се природно богати со есенцијални нутриенти и обезбедуваат чиста енергија без додадени шеќери, што ги прави одличен избор за сите кои сакаат да го поддржат својот организам со висококвалитетна исхрана.
Важно е да се истакне дека неопходно е да се одржуваат редовните здравствени прегледи и усвојувањето на здрава исхрана богата со хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на организмот и помагаат во превенција на болести. Свесноста за личното здравје и соодветните прегледи имаат огромна улога во раното откривање и во намалувањето на ризикот од сериозни заболувања.
Како дел од иницијативите за месецот на свесност за рак на дојка, Виталиа беше активен поддржувач на заедницата преку повеќе донации и соработка со водечките организации во Македонија. Оваа година, Виталиа донираше производи за поддршка на организациите Хемa-Онко и Medicus Help, за поддршка на нивните активности во подигнување на свесноста и поддршка на пациентите.
Компанијата исто така во наредниот период ќе донира 60 специјално дизајнирани перници на Клиниката за онкологија и торакална хирургија, со цел да пружи дополнителна грижа и удобност за пациентите за време на нивниот третман.
Дополнително, Виталиа се вклучи во иницијативата на Амбасадата на САД во Македонија, обезбедувајќи пакети со функционални производи за поддршка на учесниците на велосипедската тура за подигнување на свеста за рак на дојка. Со оваа акција се промовираше и физичката активност како важен елемент во превенцијата и зајакнувањето на здравјето, а учесниците беа снабдени со здрави и нутритивно богати закуски.
Со завршувањето на месецот на свесност за рак на дојка, Виталиа ја потврдува својата долгорочна посветеност кон здравјето, добросостојбата и поддршката на заедницата. “Иако месецот на свесност завршува, нашите активности за поддршка на здрави животни навики и подигнување на свесноста за важноста на превенцијата продолжуваат преку целата година. Веруваме дека патот до подобра превенција и закрепнување е исполнет со едукација, избалансирана исхрана и заедничка поддршка – вредности кои се темелот во секој производ на Виталиа.“ – изјавија од Компанијата.
Нека грижата за здравјето биде приоритет за сите нас, поддржувајќи ја свесноста и посветеноста кон здрав живот во секој месец од годината.