Вербална расправија која кулминираше до раб на физичка пресметка се случи дененеска во Собранието помеѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
Инцидентот настана по вербален дуел помеѓу пратениците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Интервенираше обезбедувањето.
Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО -ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не си разменија тупаници.
Собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза.