Британските медиуми сега објавија листа од 12 земји кои би можеле да бидат најбезбедни доколку тоа навистина се случи.
На меѓународната политичка сцена сѐ почесто се споменува Третата светска војна и ѕвечкањето на нуклеарното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена ги одобри „Основите на државната политика на полето на нуклеарното одвраќање“, односно промена на руската нуклеарна доктрина, а британските медиуми сега објавија список од 12 земји кои би можеле да бидат најбезбедни доколку навистина дојде до такво нешто.
Најбезбедните земји во случај на нуклеарна војна:
На првото место на листата, која е составена по азбучен ред (според англиските имиња на државите и латиничката азбука), е целиот континент, а не земјата - Антарктик, а јасно е дека тоа е затоа што не е населен.
Следна е Аргентина, која би можела да биде земја каде што голем број жители би можеле да преживеат глад по можната катастрофална нуклеарна војна. Аргентина има голема количина на отпорни култури како што е пченицата.
Трет на списокот е Бутан, кој по влезот во Обединетите нации ја прогласи својата неутралност, што, во комбинација со тешко проодните планински масиви, може да ѝ даде доза на безбедност на земјата.
Потоа следува Чиле со најдолгото крајбрежје во светот, кое, како и Аргентина, исто така има големо количество различни култури и природни ресурси.
Фиџи е петти на листата - целосно изолирана островска држава во Тихиот Океан.
На списокот се наоѓа и Гренланд, кој не е независна земја, туку ѝ припаѓа на Данска.
По него на листата е Исланд, кој редовно е на врвот на безбедните земји според Глобалниот индекс на мирот. Исланд е исклучително богат со свежа вода и други ресурси.
На листата е и Индонезија со 270 милиони жители.
Деветти е Нов Зеланд, кој исто така е блиску до врвот на Глобалниот индекс на мирот.
Следна е Јужна Африка, чие име на државата е според географската локација - на најјужниот дел од Африка.
На листата е и Швајцарија поради нејзината позната политика на неутралност која трае стотици години.
Последната земја на листата е Тувалу, островска држава која исто така се наоѓа во Тихиот Океан. Во неа живеат само 11 илјади луѓе.