Клеменс Фист: „Кризата во "Volkswagen" е многу сериозна“

Точка

01/11/2024

19:14

6.922

Големина на фонт

а а а

Кризата во "Volkswagen" (VW) е „многу сериозна“, но не дојде неочекувано, изјави претседателот на економскиот институт "Ifo", Клеменс Фист.

Проблемите веќе подолго време ја тресат автомобилската компанија, изјави Фист во четвртокот за телевизијата "ZDF". И претходно имаше планови за отпуштање вработени, но раководството ги одложи, додаде тој.

Одамна е познато дека со проширувањето на е-автомобилите Германија ќе биде во загуба бидејќи батериите најмногу се произведуваат во странство, изјави Фист, пренесува "dpa".


„Немаме компаративна предност во тој сегмент“, посочи тој и заклучи дека германската автомобилска индустрија најверојатно ќе стагнира или ќе оди во минус.

Структурните промени бараат приспособување, што значи дека вработените ќе мора да бараат работа во други сектори.


Претходно оваа недела, "Volkswagen" ги претстави плановите за затворање на најмалку три фабрики во Германија, отпуштање на десетици илјади вработени и намалување на платите на работниците со полно работно време за 10 отсто.

Дополнително, во претходниот квартал концернот забележа пад на добивката.