Париз од оваа сезона е дел од најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент Евролигата каде засега добро се снаоѓа и во дебитанската кампања има учинок од три победи и три порази по шест натпревари.
На последните три средби францускиот тим забележа две победи, најновата дојде против Алба во Берлин со резултат со 92:83. Тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс игра навистина специфична кошарка, па вчерашното издание против германскиот прволигаш го искоментира познатиот хрватски стручњак, Александар Петровиќ.
- Кошаркарите на Париз го подигнаа шутот за три поени на ново ниво. Во вчерашната победа против Алба, шутираа 20 од 52, а само Надир Хифи шутна 19 пати. Речиси сите обиди за три поени беа во првите седум секунди од нападот. Дали остатокот од Евролигата се подготвен за овој стил ‘ран енд ган’?, - напиша Петровиќ.
Хифи постигна седум тројки против Алба, Ворд уфрли уфрли, а кога е во прашање прецизноста најлош беше Малком со 1 од 6 или 16.7 проценти.