„Кралскиот клуб“ се чувствува изневерен, ги раскинува сите врски со „France Football“

Точка

29/10/2024

16:18

1.506

Големина на фонт

а а а

Сите светски медиуми вчера околу 15 часот објавија дека делегацијата на Реал Мадрид, која требаше да брои околу 50 луѓе, го откажала летот за Париз кога се дозна дека Винисиус не е добитник на „Златната топка“.

„Marca“ која му е наклонета на „кралскиот клуб“ пишува дека Реал одлучил да ги прекине сите врски со „France Football“, бидејќи се чувствуваат изневерени. Тие наведуваат дека Реал Мадрид под команда на Флорентино Перез направи Златната топка повторно се најде на мапата како најважна награда, но дека поради оваа одлука изгубила секаква вредност за Реал.

„Реченицата која вчера често се слушаше во тренинг-кампот на Валдебебас е дека не сакаат да знаат ништо за наградите на „France Football“ и тоа е доказ за решителност, што ги надминува сегашната огорченост и гнев. Комуникацијата помеѓу Реал и "France Football" беше прекината во 13 часот и ќе треба време да се воспостави. Неправдата, измамата и непочитувањето во процесот на доделување се аргументите кои доведоа до прекин на сорабоката со магазинот“, пишува „Marca“.


Во текстот се сугерира и дека била вклучена и УЕФА која од оваа година учествува во наградите со „France Football“, а познато е дека Реал е во лоши односи со европската куќа на фудбалот поради проектот Суперлига.

„Marca“ пишува дека Винисиус во неделата навечер дознал дека нема да ја добие Златната топка, поради што побарал од клубот да не патува во Париз. Во Валдебебас не можеле да поверуваат на оваа информација, поради што сепак бил планиран чартер летот до главниот град на Франција.


Кога добиле потврда дека Бразилецот не е најдобар, во Мадрид решиле никој да не оди во Градот на светлината, поради што немало кој да ги прими наградите за најдобар клуб на планетата и најдобар тренер.

Така беа откажани планираните славенички забави во Париз, како и отворањето на новата продавница на „Nike“ во центарот на Мадрид со Бразилецот како главен протагонист.


Не се знае што ќе се случува понатаму меѓу најголемиот клуб во светот и „France Football“, но во Мадрид сметаат дека вмешаноста на УЕФА е напад врз нив, сметаат дека се измамени и дека ништо не се случило случајно.

Едуардо Камавинга зборуваше за вмешаноста на политиката во спортот по одлуката Винисиус да не добие ласкаво признание, кое клубот го поддржа.

На крајот од текстот „Marca“ забележува дека во Реал немаат ништо против Родри, играч на кој му се восхитуваат, туку дека се во „војна“ со „France Football“ и УЕФА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг