[ФОТО/ВИДЕО] Проценете сами: Дали Симпсоновите повторно ја предвидоа иднината?

Точка

28/10/2024

15:17

5.352

Големина на фонт

а а а

Симпсоновите ја предвидоа еболата, победникот на Супербоул – дури три пати, златниот медал на САД во карлинг, скандалите во ФИФА, паметните часовници, автокорекцијата, како и фактот дека Дизни ќе го купи Фокс.

Култната серија Симпсонови веќе толку пати ја „предвиде иднината“ што секој нов случај кој обожавателите го откриваат и споделуваат со светот сè помалку нè изненадува. Најновото „предвидување“ е откриено во епизодата на ураганот Неди од 1996 година, во која настаните наликуваат на оние поврзани со ураганот Милтон, кој неодамна ја погоди Флорида.


Исцртана иднина

Серијата, покрај самиот огромен ураган, предвиде и некои работи кои му претходеа, како и некои кои следеа по него. Жителите на заглавениот Спрингфилд, како и оние во областа погодена од Милтон, ги опустошија продавниците пред бурата и беа подеднакво неадекватно подготвени за ветерот.

Жителите на Спрингфилд, исто како и оние од вистинскиот залив Тампа, беа евакуирани, а како и секогаш, авторите на серијата беа неверојатно прецизни во деталите, како што беше случајот со – наредбата за евакуација.


Сличностите меѓу ураганот Неди и Милтон се потенцирани во видеото „Make Your Day TikTok“, меѓутоа на социјалната мрежа „Х“ се појавија коментари дека видеото е измислено и генерирано со помош на вештачка интелигенција.

Во образложението тие пишуваат дека монтираната снимка содржи слики од она што изгледа како вистинска епизода на Симпсонови, вклучително и сцена во која името на ураганот се појавува на екранот на информативната емисија. Меѓутоа, бурата во вистинската епизода беше ураганот Барбара.


Во рамките на серијата која ги следи искуствата на семејството Симпсон од 1989 година, досега се снимени повеќе од 750 епизоди, а моментално се снима 36-тата сезона. Авторскиот тим веќе неколку пати на прашањето во врска со наводните предвидувања изјави дека во духот на комедијата и сатирата секогаш посегнувале по најлудите и најлошите сценарија, исто како овој со ураганот или, кога предвиделе дека Трамп ќе стане претседател на САД.


Во епизодата од 2000 година „Барт во иднината“, Лиза станува претседател на САД во иднината и зборува за буџетскиот дефицит што Трамп го оставил зад себе. Корисниците на социјалните мрежи ја споредија облеката на Лиза Симпсон како претседател – виолетово одело, бисерен ѓердан и бисерни обетки – со инаугуративното обраќање на потпретседателката Камала Харис во 2021 година.


Инаку Симпсоновите ја предвидоа и еболата, победникот на Супербоул и тоа три пати, златен медал на САД во карлинг, скандалите во ФИФА, паметните часовници, автокорекцијата, како и фактот дека Дизни ќе го купи Фокс. Во првата епизода од 22-та сезона, Лиза и Милхаус се обложија кој ќе биде добитникот на Нобеловата награда, а шест години подоцна ја освои миленикот на Милхаус, Бенгт Холмстрем.