Во „second hand“ продавница купила тренерка за девет евра, а потоа ја дознала нејзината оригинална цена

Точка

10/12/2025

21:29

5.695

Големина на фонт

а а а

„Нема шанси да сум толку среќна“: Во продавница за „second hand“ купила тренерка за 9 евра, а потоа дознала дека нејзината првична цена е огромна.

Една жена останала без зборови кога открила дека долниот дел од тренерката што го купила во „second hand“ продавница за само девет евра всушност вреди речиси 250 пати повеќе.

Даниела на "TikTok" сподели дека налетала на парче облека чија вредност се проценува на околу 2.200 евра, пренесува „index.hr“.

Додека разгледувала облека во продавницата, вниманието ѝ го привлекол долниот дел од кафеава тренерка. На облеката забележала натпис што не можела да го дешифрира, но кога ја проверила етикетата, открила дека се работи за парче изработено од 100% волна, со многу цврсти метални детали.

@charityshoplife

I’m actually shaking are these real?!

♬ original sound - Danielle | Charity Shop Life

Вистинското изненадување дошло кога ја свртела тренерката и на задната страна го видела логото што веднаш го препознала.

„О боже, нема шанси да сум толку среќна. Дали е ова "Schiaparelli"? Овие тренерки чинат околу 2.200 евра.“ Луѓето во коментарите биле во целосен шок, а многумина изразиле и љубомора: „Што е ова, човече?! Дали е твоја големина?! Ова е џекпот!“, „Ау, вистински улов“, „Буквално би умрела“ и „За колку го доби ова??!!! Среќничке!“

Даниела подоцна објаснила дека тренерката ѝ стои совршено и дека сега се обидува да открие како да ја испере без да ја оштети.