[ВИДЕО] Емотивна средба меѓу куче и неговата поранешна згрижувачка: Го препознал својот стар прекар

Точка

13/12/2025

21:06

480

Големина на фонт

а а а

Често се вели дека слоновите имаат извонредна меморија, но емотивната средба меѓу едно куче и жената која привремено го вдомила покажува дека ниту кучешкото помнење не е занемарливо.

Кучето, кое денес живее со ново семејство, не ја заборавило грижата и вниманието што ги добило од неа додека било кутре.

Жената повторно се сретнала со кучето кое некогаш го чувала и решила да провери дали сè уште ја памети. Иако знаела дека сега живее со друго семејство, ја интересирало дали се сеќава на деталите од времето што го поминале заедно.


За време на играта решила да ја тестира својата претпоставка, па го нарекла со посебен прекар што му го дала додека било кај неа. Реакцијата била моментална – кучето скокнало кон неа и ја опсипало со бакнежи, јасно покажувајќи дека се сеќава и на прекарот и на личноста која му го дала истиот.

Снимката разнежи милиони корисници на социјалните мрежи и поттикна дискусија за кучешката меморија. На крајот, приказната потсетува дека кучињата не ги препознаваат само своите имиња, туку често и прекарите, што дополнително ја потврдува силната поврзаност меѓу кучињата и луѓето.