[ФОТО] Гарсониера која предизвика и смеа и бес: Кирија 500 евра, а кујната и тоалетот споени во едно

Точка

13/12/2025

15:34

1.249

Големина на фонт

а а а

Мал стан на Врачар предизвикал бура на социјалните мрежи - се издава по цена од 500 евра месечно, а тоалетот е дел од кујната.

Цените на становите за издавање се многу високи, а една гарсониера која чини 500 евра месечно предизвикала огромно внимание на социјалните мрежи.

Станува збор за Врачар, пожелна локација на која малите станови се издаваат по цена меѓу 400 и 600 евра.

На социјалните мрежи деновиве се појавил оглас за една гарсониера на Врачар кој предизвикал смеа меѓу белграѓани. Малиот стан се издава за 500 евра месечно, но она што привлекло внимание не е цената туку необичното решение на ентериерот.

Сопственикот, воден од идејата максимално да го искористи просторот, одлучил да ја спои кујната и тоалетот во една просторија.

На фотографиите јасно се гледаат кадата и ВЦ-школката, но меѓу нив наместо класичен мијалник се наоѓа чешма со детергенти за садови. Оваа комбинација веднаш иницирала дебата: дали станува збор за „кујна-тоалет“?

Една корисничка потврдила дека станот не е монтажа туку реално постои: нејзин пријател претходно го изнајмил, а таа на прв поглед мислела дека влегла во кујната, а не во тоалетот.

Коментарите на социјалните мрежи само се нижеле: „Се капеш и миеш садови одеднаш“.

Иако ова решение предизвикало потсмев, тоа навистина станало симбол на апсурдната состојба на пазарот на недвижнини.