[ФОТО] За првпат после скандалот со педофилијата се огласи посрамениот Дамир од „Луд, збунет, нормален“: Неговата порака ќе ги налути сите

Точка

25/10/2024

18:33

1.188

Големина на фонт

а а а

Актерот Моамер Касумовиќ (42), кој во Сараево беше осуден за блудство на малолетник, по пресудата првпат се огласи на Фејсбук. Актерот сподели напис на својот фејсбук-профил во кој вели дека неговата пресуда била незаконска и дека како таква морала да биде укината.

Написот што тој го сподели е објавен на црногорскиот портал „Побједа.ме“ и е авторски текст на правниот застапник на Касумовиќ, Михаило Волков. Волков во овој текст го обвинува Општинскиот суд на Босна и Херцеговина дека прекршил низа правила и тврди дека тоа „логично го наметнува прашањето дали самиот Касумовиќ бил законски осуден и дали е воопшто виновен“.


Инаку, Касумовиќ ќе биде во црногорскиот Регистар на сторители на кривични дела против полова слобода. Од Министерството за правда на Црна Гора порачале дека со регулативата за начинот на водење на казнената евиденција пропишано е во неа да се вклучат и лица кои странски судови ги осудиле за кривични дела.

Регистарот на сторители на кривични дела против полова слобода во Црна Гора е формиран во август годинава. Како што тогаш соопштило Министерството за правда, во него се ставаат лица осудени за кривични дела против полова слобода извршени на штета на малолетници.


Касумовиќ беше осуден за блудство врз 15-годишно момче, а конечната пресуда му беше изречена на 22 мај 2023 година. Обвинението против него го покрена Обвинителството на Кантонот Сараево на почетокот на февруари 2021 година. Тој беше прогласен за виновен поради тоа што во 2019 година извршил блудни дејствија над малолетник, се наведува во пресудата.

Затворската казна актерот ја откупил во ноември минатата година, поточно платил 36.000 конвертибилни марки, што е околу 18.250 евра, па не отиде во затвор.


Да потсетиме, целата ситуација стана позната откако момче во Народниот театар во Сараево јавно истапи по претставата и порача дека бил жртва на педофилија и дека сторителот е Касумовиќ. Меѓутоа, тој не е жртва на пресудата. Момчето кое го пријавило се огласило и рекло дека сè се случило во 2019 година, кога имал само 15 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг