„Неправедно ме осудивте, но не ми ги одзедовте идеалите и вербата во луѓето…“: Прва изјава на Бјелогрлиќ по пресудата за физичкиот напад врз Антонијевиќ

Точка

25/10/2024

21:43

821

Големина на фонт

а а а

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ беше прогласен за виновен за насилничко однесување по тужбата поднесена од колегата Предраг Гага Антонијевиќ. Првиот основен суд во Белград денеска го осуди Бјелогрлиќ на условна казна од шест месеци, со две години пробен период.

Како што пренесува „Нова.рс“ тој смета дека е неправедно осуден и дека е разочаран.

„За мене е разочарувачка ваквата пресуда. Мислам дека судот овие три години не донесе низа факти кои беа изнесени во судницата, со кои јасно се гледаше дека не сум го сторил кривичното дело за кое сум осуден. адвокатите ќе поднесат жалба и ќе ги искористат сите законски правни средства за да се изборат за праведен исход“, изјавил Бјелогрлиќ.


Вели дека е убеден дека пресудата е продолжување на притисокот што му се вршел со години.

„Затоа мојата изјава е јасна: Денеска ме осудивте неправедно, но не ми ги одземавте идеалите, не ми ја одземавте вербата во ова општество, не ми ја одземавте вербата во народот на Србија и нивната сила да се борат за поправедно општество во кое нема да може да се прогонува поединец Ајде да продолжиме понатаму“, додал актерот.


Да потсетиме, режисерпт Антонијевиќ го тужеше Бјелогрлиќ за инцидент во хотелот „Амбасадор“ во Ниш во 2021 година, кога дошло до физички конфликт. Бјелогрлиќ од самиот почеток се изјасни за невин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг