[ФОТО] Руби беше најфаталната ТВ „злобница“: Погледнете како изгледа 20 години по серијата која ја прослави

Точка

25/10/2024

16:15

1.432

Големина на фонт

а а а

Поминаа 20 години од култната серија „Руби“, која беше фокусирана врз истоимената фатална убавица, според многумина – „најубавата злобница во историјата на ТВ екраните“. Руби ја глумеше актерката Барбара Мори, мексиканската актерка која денес има 46 години и сè уште е активна во светот на актерството.


Нејзината кариера започнала како манекенка кога имала 14 години, откако ја открил модниот дизајнер Маркос Толедо. Првиот голем успех го доживеа во 1997 година со улогата во теленовелата „Azul Tequila“, која ѝ ја отвори вратата кон мексиканската телевизија и филмската индустрија.

Меѓутоа, таа е најпозната по нејзината главна улога во мегапопуларната теленовела „Руби“ од 2004 година, каде што глумеше амбициозна жена подготвена на сè за да се стекне со богатство и моќ. Оваа улога ѝ донесе меѓународна слава и признание, а таа стана една од најпознатите латиноамерикански актерки.

Го победи ракот на дојката


Покрај телевизијата, Барбара Мори се истакна и во филмската индустрија, глумејќи во неколку мексикански и меѓународни филмови. Некои од нејзините најпознати филмови се „La mujer de mi hermano“ (2005) и „Pretendiendo“ (2006), додека нејзиниот прв боливудски филм „Kites“ (2010) претставуваше нејзин исчекор во индиската кинематографија.


Покрај актерската кариера, Мори е и успешен продуцент, а се занимава и со активизам, особено во борбата против ракот на дојката, откако во 2009 година ѝ беше дијагностицирана оваа болест, која успешно ја победи. Во 2023 година, таа ги играше главните улоги во филмот „Perdidos en la noche“ и серијата „Las Azules“.


Мори е популарна и на социјалните мрежи, каде ја следат 2,7 милиони луѓе на Инстаграм.


Интересно е тоа што на 39 годишна возраст, Мори стана баба што ѝ ја донесе титулата „најубава баба на светот“, барем според мислењето на нејзините обожавателите. Нејзиниот син стана татко на 19 години, а на социјалните мрежи Мори редовно објавува фотографии со внуката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг