[ФОТО] Почина мајката на Владо Георгиев, пејачот скршен од болка: „Си замина мојата сила, мојата поддршка, мојата единствена мајка Борка“

Точка

25/10/2024

13:59

1.073

Големина на фонт

а а а

Пејачот Владо Георгиев со тажна и емотивна објава се прости од својата мајка која почина.

Георгиев преку социјалната мрежата Икс ja објави веста за смртта на неговата мајка и сподели трогателни зборови.

„Синоќа си замина мајка ми и мојата сила, мојата неразгаленост, мојата критика и мојот судија, мојата поддршка, мојата единствена мајка Борка. Збогум мајко и нека те чуваат ангелите… Вечно царство небесно за тебе. Ќе памтам сѐ што ми кажа и колку нѐ сакаше, иако се претставуваше како строга учителка, беше прекрасна и благородна душа… збогум Боки моја… збогум мила моја“, напиша Георгиев.

Потоа објави уште една трогателна објава со фотографија на која е насмеан и среќен со својата мајка и напиша:

„Отсега си мојот ангел чувар. Збогум мајчице, збогум Боки, легендо и фаца над фаците“, напиша Владо.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг