[ВИДЕО] Семејството на Метју Пери се огласи една година по неговата смрт

Точка

25/10/2024

16:01

809

Големина на фонт

а а а

Една година по неговата смрт, семејството на Метју Пери се огласи. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „HELLO!“ и ги открија плановите за Фондацијата Метју Пери во Канада. Според официјалната веб-страница на организацијата, фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединци кои живеат со нарушувања предизвикани од зависноста по лекувањето“.


„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и работам со него секој ден на нешто што нему му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на фондацијата. „Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да бидам блиску до него“, додаде таа.

„Тој би сакал да го паметам на овој начин“

„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помогнал на луѓето кои се борат со зависноста“, додаде очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.

„Кога Метју ненадејно почина, тоа беше неверојатно шокантно. Секој што изгубил дете ќе ви каже дека дури иако сте на некој начин подготвени за оваа можност, многу е потресно.“, рече Морисон. „Она што решивме да го „извлечеме“ од неговата смрт беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.

Лекарот призна дека илегално дистрибуирал кетамин

Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и другите фактори поради кои ја изгуби свеста и се удави во џакузи, според обдукцијата направена во декември. Актерот јавно призна дека со децении злоупотребувал различни супстанции, дури и кога го глумел Чендлер Бинг во хит ТВ серијата од 1990-тите „Пријатели“.


Потсетуваме, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петмината обвинети за неговата смрт како резултат на предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез ја призна вината пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес, а постои можност да добие казна од 10 години затвор.


Уште еден лекар е обвинет во случајот – Салвадор Пласенсија, меѓутоа тој се изјасни за невин, како и другата обвинета – Јасвин Санга, позната како „кралицата на кетаминот“. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вбризгал дрогата на Пери, и наводниот посредник кој кажал дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг