[ВИДЕО/ФОТО] Новото "Ferrari" чини 3,6 милиони евра, но звукот не воодушевува

Точка

25/10/2024

11:48

744

Големина на фонт

а а а

Како што е познато, најновото "Ferrari"има хибриден погон со "V6" мотор наместо скапоцениот "V12" .

За разлика од својот претходник, најпрестижниот модел на "Ferrari" нема "V12" мотор. Ништо не изгуби во однос на моќноста и перформансите, но звукот си го плати данокот. Барем така сугерира најновото видео објавено на "Youtube" каналот на "NM2255".

"F80" викендов се најде на патеката Имола, каде што можеше да се види на дело за прв пат. Иако звукот на моторот веројатно нема да воодушеви никого, овој автомобил е "скок од седум милји" во сè друго. Ова е напредок кој конкуренцијата тешко дека ќе може да го следи.

Зошто "V6"?

Првиот и јасен одговор се крие во самата Формула 1 и особено болидот Ле Ман од кој е преземена основата на погонот.

Шефот за маркетинг на "Ferrari", Енрико Галиера, објасни дека "Ferrari" одлучил да го опреми хиперавтомобилот со најнапредниот и најдобриот мотор што го имале на располагање. Тоа е јасна порака дека "Ferrari" не е ограничен од носталгија кога се во прашање инженерските одлуки.


„Го поставивме прашањето дали да го користиме најпознатиот мотор "V12" или моторот со најдобри перформанси "V6" и решивме да одиме со моторот со најдобри перформанси“, изјави Галиера за "Auto Express".

„Тоа е нешто што отсекогаш го правевме со нашите суперавтомобили - ја користиме најдобрата опција за перформанси достапна во тоа време. Само погледнете го "F40" и неговиот "V8" твин-турбо. Исто така, се прашавме дали доаѓаат предвид електрични или "plug-in" хибридни погонски единици“, додаде тој.


Ако мислите дека "Ferrari" направи грешка, знајте дека сите 799 примероци многу веројатно биле распродадени уште пред премиерата. И сите клиенти ќе бидат задоволни од тоа што го платиле.

Да повториме дека "V6" моторот е развиен врз основа на моторот во "Ferrari 499 P", инаку победникот на Ле Ман, кој со 900 коњски сили дава повеќе од 6,5 "V12" моторот во "12Cilindri". Со три електромотори има огромна моќ и врвни перформанси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг