Приказната за "Bugatti" доаѓа на големото платно

Точка

22/10/2024

13:07

662

Големина на фонт

а а а

Истиот продуцент кој стои зад филмовите за "Lamborghini" и "Ferrari" работи на нов биографски филм за "Bugatti".

По успехот филмовите "Lamborghini: The Man Behind the Legend" од 2022 година и "Ferrari" од 2023-та, италијанскиот филмски продуцент Андреа Џерволино веќе работи на својот следен биографски филм за уште еден познат автомобилски гигант и неговиот бренд.

Најновиот филм е за основачот и првиот директор на "Bugatti", Еторе Бугати.

Сè уште ненасловената биографска филмска приказна ќе го следи животот на Бугати, од неговите рани денови до основањето на истоимената компанија во 1909 година.

Филмот ќе се фокусира на подемот на производителот на суперавтомобили, преку неговиот успех во раните 1900-ти, до борбите околу компанијата што следеа по смртта на неговиот син во 1939 година.


Снимањето ќе се одвива во Франција и Италија почнувајќи од 2025 година, а во филмот ќе учествува и меѓународна актерска екипа. Сепак, како и филмовите за "Ferrari" и "Lamborghini" пред него, и овој ќе се снима на англиски јазик.

„По успехот на нашите филмови за "Lamborghini" и "Ferrari", воодушевен сум што ќе донесам уште една глобална автомобилска икона на големото платно“, рече Џерволино во соопштението за печатот.

„"Bugatti" ќе биде филм кој оддава почит на страста и иновативноста што го дефинираа еден од најпознатите производители на автомобили на сите времиња“.


Џерволино допрва треба да именува режисер и да открие кои актери ќе бидат вклучени во оваа продукција, но можеме да очекуваме некои холивудски ѕвезди да се приклучат на проектот.

Потсетуваме дека Адам Драјвер глумеше во филмот на Џерволино за "Ferrari", кој го режираше Мајкл Ман, додека Френк Грило ја имаше главната улога во филмот за "Lamborghini".

Третиот филм на Џерволино во автомобилската серија би требало да започне да се снима следната година. Станува збор за "Maserati: The Brothers", кој ќе го режира оскаровецот Боби Мореско, а во главната улога, меѓу другите, ќе биде и Ентони Хопкинс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг