[ФОТО] Вака ќе изгледаат автомобилите на BMW во иднина

Точка

19/10/2024

20:31

3.329

Големина на фонт

а а а

Спротивно на очекувањата, новиот дизајнерски израз нема да биде строго врзан за електричните модели.

Новиот дизајнерски израз изразен преку концептите "Neue Klase" ќе ја покрие целата гама на "BMW". Електричните модели, хибридите, како и моделите напојувани со фосилни горива, сите ќе изгледаат слично, и во склад со футуристичкиот дизајн на споменатите концепти.


Ова го откри лично Адријан ван Хујдонк, шефот за дизајн на компанијата, кој увери дека секое идно BMW, без разлика на погонската група, ќе го усвои дизајнерскиот јазик "Neue Klasse". Секако, може да има „некои пропорционални разлики во надворешноста и малку во внатрешноста“ помеѓу моделите "EV" и "ICE", но целокупниот „изглед и чувство“ ќе биде ист.


Зборувајќи за "Top Gear", ван Хујдонк објасни: „Големиот напредок со електричните возила, овие технологии и овој дизајнерски јазик ќе се пренесат на целото портфолио на производи вклучувајќи ги и нашите возила напојувани од мотори со внатрешно согорување. Нема да биде тешко за клиентите – сите ќе добијат нови модерни "BMW" возила и ќе можат да го изберат погонот“.


Преведено, на менито ќе има различни погони, но секогаш ќе се работи за слично пакување. Прашање е само до кој степен ќе се применува. Ван Хујдонк го нагласува високотехнолошкото корисничко искуство во овие идни модели, како што е "BMW Panoramic Vision head-up" дисплејот. Другите детали за внатрешноста ќе вклучуваат неконвенционално обликуван централен екран на допир, многу футуристички контроли на воланот и еколошки пристап со широка употреба на рециклирани материјали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг