Илон Маск се предомисли: „Ништо од евтината „Tesla“, нема смисла“

Супермен

25/10/2024

16:29

450

Големина на фонт

а а а

После месеци, па дури и години најави од Tesla, доаѓа одлуката да се откаже од развојот на евтин модел. Тоа го потврди лично Илон Маск.

Секој што се надеваше дека „Tesla“ ќе претстави поевтин „Model 2“ или дури и „Model 1“ со цена до 25.000 долари, ќе биде разочаран. Ништо од евтина „Tesla“, барем не во блиска иднина. Ова го потврди лично Илон Маск, велејќи дека таков автомобил нема смисла. Имено, „Tesla“ ќе се залага за целосно автономни возила, а првата цел е што поскоро да го постигне највисокото, петто ниво на автономија.


Оваа вест доаѓа неочекувано бидејќи токму Маск ја објави приказната за „Model“ 2 од 25.000 долари во јавноста. Новиот производ го најавува од 2018 година. Сега на прашањето: „Кога можеме да очекуваме модел на „Tesla“ од 25.000 долари кој не е роботакси?“, Илон Маск го даде следниот одговор: „Мислам дека бевме многу јасни дека иднината е автономна“.

Потоа зборуваше повеќе од една минута за тоа како автономијата е иднината, како Tesla го кажува ова со години и како „Cybercab“ е револуционерно возило. Дури после тоа тој конечно се осврна на вистинското прашање, велејќи: „Во суштина, да се има обичен модел од 25K е бесмислено. Би било глупаво. Би било целосно спротивно на она во што ние веруваме“.


Единственото отворено прашање е кога целосно автономниот модел на Tesla ќе биде готов. Најгласните коментари се дека сме уште најмалку една деценија од 5-то ниво на автономија, вклучително и подготовка на законска регулатива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг