[ФОТО] Сопругата на еден од најголемите холивудски фраери објави негови разголени фотографии и сите занемеа: Вистински убавец, рај за очите

Точка

22/10/2024

21:34

1.193

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот актер Хавиер Бардем (55) покажа импресивна физичка форма и фигура во фотосесијата која ја направи неговата сопруга Пенелопе Круз за магазинот „The Gentleman’s Journal“.

Во интервјуто, во кое вниманието го украдоа неговите разголени фотографии, Хавиер Бардем се осврна на љубовната врска со Пенелопе Круз која започна по снимањето на филмот „Vicky Cristina Barcelona“ во 2007 година. Сепак, ѕвездениот пар се запознал многу години порано.


„Таа имаше 17, а јас 22. Тоа беше нејзиниот прв филм и еден од моите први филмови. Голем филм“, изјавил Бардем, осврнувајќи се на филмот „Jamón Jamón“. „Се сретнавме на проба во соблекувалната, каде што се погледнавме и претпоставувам дека нешто се случи. Нешто што нема објаснување и оди подалеку од логиката и расудувањето.“


Сепак, иако веќе имало искри, тие не започнале врска: „Но, порано имавме различни животи, различни цели и идеи. Сепак, имаше нешто – енергијата, хемијата, начинот на кој се потпираме еден на друг како човечки суштества. И тоа остана толку долго, иако не се гледавме, ниту зборувавме многу години“.


Снимањето на филмот „Vicky Cristina Barcelona“ под диригентската палка на Вуди Ален повторно ги соединило, и тогаш сфатиле дека меѓу нив сè уште има чувства.

„Сфативме дека чувствата сè уште се живи. Многу живи. На наше изненадување! Но, се случи и двајцата да сме сингл во тоа време, па природно се случи она што мораше да се случи – двајца луѓе повторно се поврзаа затоа што споделија многу работи, многу повеќе отколку што очекуваа“, признал Бардем.


Парот се венчал во 2010 година и имаат две деца, а нивниот брак важи за еден од најстабилните во Холивуд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг