[ФОТО] Моника Белучи како од мајка родена: Нејзините голи фотографии мамат воздишки на многумина

Точка

22/10/2024

22:00

1.251

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи со години важи за една од најубавите жени на светот, а за тоа сведочат и фотографиите на Инстаграм кои неодамна ги објави.

Имено, актерката сподели фотографии направени пред неколку години на кои позира целосно гола. Таа гордо позира пред објективот на камерата, а во преден план е нејзината завидна фигура. Во описот таа напиша дека фотографиите ги направил Паоло Роверси и дека ова било нејзиното прво позирање за октомвриското издание на „Вог Италија“.


На црно-белите фотографии Моника е гола и со раце ги покрива градите и интимните делови. Таа објава ги воодушеви нејзините обожаватели, а комплиментите не прекинуваа.

„Најубавата жена на светот“; „Ти си вистинската дефиниција за секси“; „Вечна убавина одвнатре и однадвор“; „Ти си секс бомба“, беа дел од коментарите.


Инаку, Моника призна дека не сака ригорозни диети и тренинзи, а повремено оди на пилатес. Кога улогата го бара тоа, таа редовно вежба и си ја регулира исхраната, но никогаш не претерува, сè е во нормални граници. Актерката досега беше двапати мажена, а моментално е во врска со американскиот режисер Тим Бартон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг