[ФОТО/ВИДЕО] Првпат во јавност по трагедијата! Девојката на починатиот Лиам Пејн фотографирана тажна и уништена

Точка

22/10/2024

18:02

1.149

Големина на фонт

а а а

Кејт Кесиди, девојката на покојниот пејач Лијам Пејн, е видена за првпат по неговата трагична смрт. Кејт беше фотографирана пред продавница во Велингтон, Флорида, а според „Сан“ изгледала „потресено“.

Кејт неделата ја поминала со своите пријатели, а сите три изгледале нерасположени и тажни. Таа била фотографирана без шминка и носела тренерки, сандали „Кристијан Диор“ и преголема маица.

Кесиди беше со Лијам на патувањето во Аргентина само два дена пред неговата смрт. Тој почина во средата откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Две недели пред тоа, тој и Кејт пристигнаа во Аргентина за да му дадат поддршка на колегата Најл Хоран, со кој Лиjам беше во „Уан дајрекшн“.





Како што објави таа на својот ТикТок, тие требале да останат само неколку дена, но нивното патување било продолжено на две недели. Потоа решила да ја напушти Аргентина.

Кејт и Лијам беа во врска две години, а живееја и заедно. Лијам првпат беше поврзан со Кејт во октомври 2022 година, пред да го направат нивното прво деби заедно на црвениот тепих два месеци подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг