Од бизнис идеја до вистинска љубов: Приказната на Дражен Петровиќ и Сања Долежал

Точка

22/10/2024

14:16

1.626

Големина на фонт

а а а

На 22 октомври 1964 се роди Дражен Петровиќ, едниот од најдобрите кошаркари на сите времиња. Кога ќе се спомне животот на никогаш прежалениот кошаркарски ас, името на Сања Долежал е неизбежно, а како што многумина со години тврдат таа била многу посебен дел од него.


Врската помеѓу Сања и Дражен била замислена како маркетиншки трик, но многу брзо се претвори во нешто сосема друго. Нив ги запозна Зоран Шкугор, чија идеја беше да ја поврзе пејачката на Новите фосили со омилениот кошаркар со цел да го задржи постојаниот интерес на јавноста. Сања и Дражен за прв пат се запознале во клубот во Шибеник, каде што младата музичарка веднаш ги запознала и неговите родители.


Нивната врска траеше една година, а тешко е да се одреди точниот момент кога бизнис идејата се претворила во вистинска љубов. Многу сведоци од тоа време денес велат дека тие двајца биле маѓепсани еден од друг уште од првиот поглед. Сања редовно навиваше за Дражен на неговите натпревари, додека тој одеше да и дава поддршка на концертите на „Фосилите“.


„Сè уште ми е тешко кога ќе помислам дека го нема“

Тие често можеа да се видат како шетаат низ центарот на Загреб, каде со задоволство застануваа да разговараат со обожавателите кои тогаш сонуваа за нивен среќен крај и брак на едната од најпопуларните поп ѕвезди од тоа време и омилениот спортист. Но, сепак по една година ѝ дојде крајот на нивната врска. Двајцата беа премногу зафатени, и често беа разделени поради тренинзите, натпреварите и концертите, меѓутоа се разделија на пријателски начин.

„Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Сè уште ми е тешко да помислам дека го нема. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, изјави Сања во интервју во 2015 година, при што откри дека сè уште е во добри односи со неговата мајка Бисерка.

„Блиски сме. Често ја гледам и со задоволство ја гушкам“, додаде Сања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг