Една од музичките ѕвезди која со години успешно само за себе го чува приватниот живот, дефинитивно е пејачот Влатко Лозаноски.
Од него медиумите слушаат и дознаваат само кога има да промовира нешто ново, песна или настап. Во едно кратко интервју тој само сподели дека има партнерка – но нејзиниот идентитет сè уште е непознат.
Синоќа, доцна во ноќта порталот Фактор објави дека пејачот Влатко Лозановски станал татко. Според порталот, извор близок до Лозано ја споделил радосната вест дека пејачот станал татко.
За раѓањето на бебето објавија повеќето македонски медиуми, а и од неговиот тим потврдија дека Влатко станал татко.
Лозано до последен момент ги чуваше во тајност бременоста на партнерката и раѓањето на бебето, кое дојде на свет минатата недела.