[ФОТО] Ѕвер лишен од електрификација: "Porsche" го освежи "911 GT3"

Точка

21/10/2024

07:55

1.369

Големина на фонт

а а а

Иако "Porsche" има нов хибриден погон за стандардниот 911, "GT3" останува исклучиво придвижуван од мотор со внатрешно согорување.

За да прослави 25 години од својата модерна икона, "911 GT3", "Porsche" ја претстави рестилизираната верзија за 2025 година.

Автомобилот со кодно име 992.2 е суптилна надградба во однос на неговиот претходник, велат од компанијата.

Неговиот 4,0-литарски 6-цилиндричен боксер мотор сè уште произведува 510 коњски сили, достапен на 9.000 вртежи во минута, а интересно е што максималниот вртежен момент е намален за 20 Nm во однос на моделот во заминување, достигнувајќи 450 Nm.


Иако "Porsche" има нов хибриден погон за стандардниот 911, "GT3" останува исклучиво придвижуван од мотор со внатрешно согорување.

Тоа е одлично достигнување, имајќи предвид дека сегашните стандарди за емисија на штетни гасови се многу построги од претходно. Моторот сега има два филтри за честички и четири катализатори.

Моторот исто така добива брегасти осовини од моделот "GT3 RS", нови ладилници за масло и ревидирани глави на моторот.


Како и досега, моторот е поврзан или со 6-брзински мануелен или со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, но мануелниот сега има пократка шеста брзина.

За предната суспензија, "Porsche" примени неколку трикови научени од "GT3 RS".

Новите фарови овозможија пошироки аеродинамични отвори на предниот дел на автомобилот.


За да ја избалансира зголемената надолна сила напред, "Porsche" ги ревидира дифузерот, хаубата и влезните порти.

Има и нови гуми, со димензии 255/35ZR20 напред и 315/30ZR21 назад. "Porsche" тврди дека новата гума помага при перформанси на влажно, а достапна е и „полеплива“ гума за патеката.

Новите стандардни тркала се исто така полесни за 1,5 kg од претходните.


Рестилизираниот "GT3" до стотка забрзува за 3,4 секунди во верзијата со менувач со двојна спојка, а максималната брзина е 311 км/ч.

Со мануелен менувач, автомобилот достигнува 0-100 км/ч за 3,9 секунди, но развива малку поголема брзина од 313 км/ч.

"Porsche 911 GT3" за 2025 година ќе може да се нарача на крајот на оваа година, а цената започнува од 209.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг