Шефот на "BMW" повторно ја нападна ЕУ

Точка

16/10/2024

13:48

1.910

Големина на фонт

а а а

Планираната забрана за продажба на нови автомобили на бензин и дизел во Европската унија од 2035 година претставува закана за европската автомобилска индустрија, предупредува шефот на германскиот производител на автомобили "BMW", Оливер Зипсе. Тој истакнува дека ниту една земја-членка на ЕУ не е „ни блиску“ до постигнување на целта да продава само електрични автомобили.

Зипсе на салонот за автомобили во Париз истакна дека европските производители на автомобили можат повторно да станат конкурентни само ако политичарите постават рамка што овозможува напредок и просперитет, наместо да ги блокираат веќе успешните технологии.

Според Зипсе, слабата побарувачка за електрични возила е пазарен проблем кој не може да се реши со краткорочни владини субвенции. Тој смета дека овие стимулации носат високи трошоци, а притоа обезбедуваат само краткорочни резултати, предизвикувајќи нарушување на пазарната конкуренција.


Наместо тоа, според него, државата треба да ја насочи помошта кон изградба на инфраструктура, како што се бензински станици за електрични возила и водород.

Европските земји и Европскиот парламент веќе донесоа одлука со која де факто се забранува продажба на нови автомобили на бензин и дизел од 2035 година. Сепак, Зипсе смета дека е неопходно итно да се преиспита оваа цел, бидејќи ниту една земја-членка не е блиску до постигнување на целосна електрификација на автомобилите.


Тој исто така истакна дека големите пазари како САД и Кина планираат да ги задржат автомобилите со бензин и дизел и по 2035 година, што дополнително ја комплицира ситуацијата за европската автомобилска индустрија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг