Електричните автомобили се на пазарот повеќе од десет години, а со текот на времето напредуваа така што нивниот опсег е еднаков на оној на "SUS" автомобилите со полн резервоар.
Британскиот весник "Daily Mail" направи листа на електрични автомобили со најголем домет на европскиот пазар, според нивните тестови, а не според податоците на "WLTP".
Подолу ви ги пренесуваме Топ 5 електрични автомобили со најголем досег:
За почеток, планирана е верзија со 210 коњски сили и батерија со капацитет од 73 kWh, што е доволно за автономија од 591 km со едно полнење. После тоа ќе пристигне "Long range" верзијата со 230 коњски сии и батерија од 98 kWh.
Почетната верзија, "Pro", доаѓа со батерија од 77 kWh, но ако ја надградите на верзијата "Pro S" што наскоро ќе биде објавена, ќе добиете батерија од 84 kWh и подолг досег.
"Tesla Model 3" и "VW ID. 7" всушност го делат третото место, а во овој случај тоа е "Model 3" од септември 2023 година, кој има голем број подобрувања и варијанта со долг дострел.
Станува збор за луксузен теренец на шведскиот автомобилски бренд со вториот најдолг досег на европскиот пазар во моментов, чија "Long Range" верзија има 299 коњски сили.
Прв на оваа листа е електричниот лидер на "Mercedes" – тој е „брат“ на S-класата, а долгиот досег му се должи на големата батерија со капацитет од 108 kWh.