Смути од морков и ѓумбир: Совршена комбинација за затнати синуси и други симптоми на настинка

Точка

19/10/2024

15:03

1.788

Големина на фонт

а а а

Синусите можат да бидат извор на голема непријатност, особено за време на сезоната на настинки и грип, но постојат низа природни начини за олеснување на проблемите со синусите.

Воспалението, затнатоста и болката значително влијаат врз нормалното функционирање предизвикувајќи главоболки, чувство на притисок во пределот на челото и лицето како и проблеми со дишењето. Покрај традиционалните третмани, постојат и низа природни начини кои ќе му помогнат на телото да се избори со воспалението на синусите.


Во продолжение рецептот за вкусно смути кое може да помогне во ублажувањето на симптомите и борбата со вирусите.

Рецепт за смути од морков и ѓумбир

Состојки:

2 моркови

2 портокали

Зелено јаболко

Парче свеж ѓумбир


Подготовка – Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете мазна текстура. Ова смути е одличен избор за почеток на денот, но може да се пие и помеѓу оброците за да се осигурате дека внесувате важни хранливи материи.

Како овие состојки помагаат во решавањето на проблемот со синусите?

Морков: Тој содржи бета-каротин, кој во организмот се претвора во витамин А, познат по својата улога во одржување на здравјето на слузокожата и зајакнување на имунитетот. Здравјето на слузокожата е важно за намалување на воспалението во синусите и олеснување на дишењето.


Портокал: Тој изобилува со витамин Ц и антиоксиданти, кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и борбата против инфекциите кои честопати ги предизвикуваат проблемите со синусите. Исто така витаминот Ц е клучен за намалувањето на воспалението на слузокожата во носната шуплина.

Јаболко: Таа е богата со витамин Ц кој има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, а исто така содржи флавоноиди кои помагаат во намалувањето на воспалението.


Ѓумбир: Тој е особено корисен бидејќи има силно противвоспалително и антивирусно дејство, кое може да ја намали болката во грлото, да ја намали конгестијата и да помогне во борбата против вирусите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг