Мандарините се вистинска витаминска бомба, но колку смеете да изедете дневно: Бројката ќе ве изненади

Точка

14/10/2024

19:09

7.042

Големина на фонт

а а а

Сезоната мандарините, едното од најомилените овошја во текот на ладни месеци пристигна. Овие мали, сочни цитрусни овошки со неодолив и кисело – благ вкус, станаа симбол на убавината и здравјето.

Нутритивната вредност на мандарините

Мандарините се нискокалорично овошје богато со витамини, минерали и антиоксиданти и претставуваат одличен извор на бројни, важни нутриенти.


Една мандарина со средна големина (околу 88 грама) содржи: 47 калории, 12 грама јаглехидрати, 2 грама влакна, 9 грама шеќер, 0,7 грама протеини, о,3 грама масти и 26% од дневната потреба за витамин Ц.

Покрај ова, мандарините содржат и значајни количества на магнезиум, калиум, бакар и железо. Ова мало овошје е вистинска нутритивна бомба која значајно може да придонесе кон вашиот секојдневен внес на витамини и минерали.

Мандарините и нивните здравствени придобивки

Редовното консумирање на мандарините носи бројни здравствени придобивки, од зајакнување на имунолошкиот систем до подобрување на здравјето на срцето и кожата. Ова вкусно, нискокалорично овошје нуди многу есенцијални, хранливи материи кои го поддржуваат целокупното здравје, а ова се неколкуте клучни предности од консумацијата на мандарините.

Јакнење на имунолошкиот систем
Мандарините се богати со витамин Ц, којшто е клучен за зајакнувањето на имунолошкиот систем. Помагаат во борбата против инфекциите, вирусите и настинките, како и за регенерацијата на ткивата.
Подобрување на здравјето на кожата


Витаминот Ц во мандарините исто така го поттикнува производството на колагенот, што ја подобрува еластичноста на кожата и помага во зараснувањето на раните и одржувањето на младоликиот изглед на кожата.

Здравјето на срцето

Калиумот во мандарините помага во регулирањето на крвниот притисок и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Флавоноидите како што е хесперидин делуваат како антиоксиданти што дополнително го подобрува здравјето на срцето и ги намалуваа воспаленијата.

Поддршка на дигестивниот систем

Мандарините се богати со влакна, коишто помагаат во дигестијата, го спречуваат запекот и помагаат во регулирањето на дигестијата. Редовната консумација на влакна помага и во одржување на здрава, телесна тежина.


Го намалува холестеролот

Флавоноидите и влакната во мандарините можат да помогнат во намалувањето на нивото на лошиот холестерол („LDL“), со што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Заштита од хронични заболувања

Антиоксидантите, вклучувајќи го витаминот Ц и флавоноидите, ги штитат клетките од оштетувања предизвикани од слободни радикали, со што го намалуваат ризикот од хронични заболувања, како што е ракот, дијабетесот и болестите на срцето.

Одржување на здравјето на очите

Витаминот А во мандарините помага во одржувањето на здравјето на очите, го подобрува видот во ноќта и го намалува ризикот од развој на очни заболувања поврзани со стареењето.

Хидратација на телото


Мандарините содржат висок процент на вода, што помага во хидратацијата на телото и одржувањето на оптималното функционирање на органите.

Регулација на телесната тежина

Мандарините се нискокалорични, богати со влакна и вода, така што претставуваат одличен избор за ужина која може да помогне во контролата на апетитот и одржувањето на здрава телесна тежина.

Здравјето на коските

Калциумот и магнезиумот во мандарините помагаат во одржувањето на здравјето на коските и го намалуваат ризикот од остеопороза.

Колку мандарини треба да се консумираат дневно?


Иако не постои строго правило околу тоа колку мандарини треба да се консумираат дневно, експертите препорачуваат консумација на 2 до 3 мандарини како дел од рамнотежената исхрана. Тоа ќе обезбеди доволен внес на витамин Ц и останатите важни нутриенти, без прекумерен внес на шеќер.