Ништо од ретро 17 моделот на "Renault": „Тоа е за луѓе кои купуваат 'Vogue'“

Точка

18/10/2024

21:36

3.216

Големина на фонт

а а а

"Renault" не планира да го стави својот впечатлив концепт 17 во сериско производство и ќе почне да се оддалечува од ретро-дизајнот сега кога обнови некои од своите најпрепознатливи модели.

Концептот "17 Electric Restomod" неодамна беше претставен како реинтерпретација на помалку познатото купе од 1970-тите, со модернизиран изглед, нова карбонска шасија и електричен мотор од 200 kW (270 коњски сили) поставен одзади.


„Ова се автомобили за луѓе кои купуваат "Vogue" или читаат со монокл“

Имаше шпекулации за можноста овој модел да стане сериски автомобил, но шефот за дизајн на "Renault Group", Лоренс ван ден Акер ги негираше тие тврдења.

„Концептот 17 е создаден во соработка со дизајнерот Оро Ито. Дизајниран е само за да привлече внимание. Слично на концептот "Twingo" минатата година и моделот 4 дизајниран од Матеу Леанеур, креаторот на олимпискиот факел во 2024 година“, изјави ван ден Акер.

„Ова не се автомобили за вас“, им рече тој на новинарите на саемот за автомобили во Париз. „Ова се автомобили за луѓе кои купуваат Vogue или читаат со монокл.


„Ако сакате "Modus", сепак можете да го купите користен“

Одговарајќи на повиците "Renault" да стави верзија од 17 во продажба, Ван ден Акер истакна дека не сите историски модели на "Renault" се толку популарни како новите 4, 5 и "Twingo".

„Го идеализирате минатото. Сега ги гледаме тие автомобили и велиме погледнете колку се одлични, но искрено кажано имаше предизвици со нив“, рече тој, мислејќи на 17, кои имаа релативно краток век и не беа особено популарни.

Шансите моделот како седанот "Safrane" да биде оживеан се мали, продоложи Ван ден Акер, и додека „некои луѓе навистина го сакаа “Avantime" од 2000-тите, краткотрајниот "MPV" со две врати нема да се врати.

И додека постои интерес за оживување на некои од поновите модели на "Renault", тоа не е до точка каде што компанијата би ги разгледала сите опции.

„Зошто не направите нов "Modus"?, луѓето прашуваат“, рече Ван ден Акер. „Ако сакате "Modus", сепак можете да го купите користен“.


„Петката е концептен автомобил во реалниот живот“

Обновувањето на историски модел е тежок процес, објасни тој, и за да бидат успешни, таквите ретро модели мора да имаат универзална привлечност, а не само да зборуваат со ентузијасти.

„Тие се тешки автомобили во смисла дека или се погодок или се промашување: или ја погодуваат целта или не.

Целта на "Renault" со моделите 4, 5 и "Twingo" е да привлече поширока публика, дури и оние кои не се сеќаваат на оригиналните модели и за кои имињата немаат значење.

„Можете да го сакате дури и ако не го знаете оригиналниот автомобил“, рече тој за моделот 5. „Начинот на кој вози, големите гуми … Тоа е малку концептен автомобил во реалниот живот“.

„За оние кои се сеќаваат на тоа, им дадовме сè што сакаат, а за оние кои не се сеќаваат, тоа е само убав автомобил“, заклучува Ван ден Акер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг