Никој повеќе не сака да работи, сите сакаат да бидат ѕвезда на социјалните мрежи. Затоа се повеќе и повеќе пекари пропаѓаат, бидејќи луѓето не можат да ги засукаат ракавите и да се разбудат рано наутро, рече тој во една прилика.
Лукас Подолски (39) е запаметен по неговата молскавична левица која ги проби мрежите ширум Европа. Со Германија го освои Светското првенство, започна во Келн, играше за Баерн, Арсенал, Интер, Галатасарај.
Пред четири години се врати на корените и настапуваше за полскиот прволигаш Горник Забрзе, но пред некое време се пензионираше. Тој ги закачи фудбалските копачки во дресот на Келн, клубот кој го лансираше во орбитата.
Легендарниот германски фудбалер сега има можност целосно да се посвети на угостителството и рестораните каде што ќебапот е главен специјалитет, а сега влезе и во рудник. Буквално. Тој посети рудник во Биелшовице, Полска.
„Господ да ве благослови, никогаш не заборавајте од каде сте“, напиша Подолски, кој е роден во Гливице.
Неговата објава предизвика воодушевување на социјалните мрежи.
„Роналдо, Меси и Винисиус не би направиле такво нешто“, гласи еден од коментарите.
Подолски во својата кариера заработи повеќе од 200 милиони евра играјќи за елитни клубови, а тие пари ги вложи во бизнис кој феноменално напредува. Обезбедуваше за себе и за семејството, а често со вакви изјави и соопштенија се труди да им даде до знаење на младите дека нема срам да се работи ниту една работа. Затоа што едноставно, не може секој да биде фудбалер и да заработува милиони.
„Никој повеќе не сака да работи, сите сакаат да бидат ѕвезди на социјалните мрежи. Затоа пропаѓаат се повеќе пекари, затоа што луѓето не можат да ги засукаат ракавите и да се разбудат рано наутро“ изјави тој во една прилика.