Подолски подготви нова револуција со донерите: Колку заработил до сега?

Точка

23/12/2024

18:02

1.379

Големина на фонт

а а а

Приказната за успешниот деловен проект на познатиот германски фудбалер Лукас Подолски е позната од поодамна, но последните денови во фокусот е неговиот нов проект за 2025 година.

Во текот на својата кариера, Лукас Подолски го посвети своето време, а особено во последните години, на инвестирање во синџирот ресторани наречен „Mangal Döner“, при што отвори 30 ресторани во Германија каде што го продава овој традиционален турски специјалитет.



Како што пренесуваат германските медиуми, Подолски од продажбата на донер заработил неверојатни 225 милиони долари, но нема намера да застане тука.

За 2025 година тој подготви вистинска револуција, а тоа е поставување на 2.400 роботи за храна ширум Европа, кои ќе ги отвори до крајот на следната година. Со ова тој планира да создаде вистинска револуција во индустријата за донер-кебаб.

Меѓутоа ова не е единствениот бизнис со кој се занимава Подолски. Поранешниот светски шампион сега е коосновач на популарниот бренд за сладолед „Ice Cream United“, сопственик е и на неговиот музички фестивал „Glücksgefühle“, кој минатата година привлече неверојатни 135.000 посетители.



Тој е дел и од Балер лигата (еден од основачите), а сопственик е и на спортски центар во Германија каде и самиот преку спортот го промовира здравјето и кондицијата.

Исто така Подолски сè уште е член на домашниот Горник Забрзе за кој сезонава одигра 14 натпревари и постигна два голови со една асистенција.


Во текот на кариерата во дресот на Германија тој одигра 130 натпревари и постигна пристојни 49 голови. Со репрезентацијата стана светски првак во 2014 година, а во кариерата настапуваше за гиганти како Арсенал, Баерн и Интер.