[ФОТО] Барал скапоцености 20 години: Човек пронашол ретка монета во Англија, се шокирал колку вреди

Точка

18/10/2024

17:52

2.399

Големина на фонт

а а а

Честопати читаме за ентузијасти низ светот кои користат детектори за метал за да бараат скапоцености во рурални средини и на крајот се изненадени од нивните откритија.

Таквa е приказната на Пол Кејпвел од Англија, поточно Јужен Кембриџшир, каде што овој 59-годишен аматерски истражувач пронашол ретка монета која се датира од времето на императорот Трајан, околу 107 година од нашата ера.

Интересно е што Кејпвел го посетувал истото поле во последните 20 години, постојано барајќи скапоцености, пишува „Мирор“.


„Досега најдов неколку римски и средновековни монети, но ова е моето највозбудливо откритие. Тој ден ископав неколку потрошени гранати и решив да се вратам до автомобилот. Тогаш се огласи детекторот и на длабочина од 20 сантиметри видов паричка“, рекол тој.

Овој артефакт е исклучително редок, а аукциската куќа „Нунас“ тврди дека само два примеока се видени на пазарот во последните 25 години.

„Монетата е искована во времето на царот Трајан во 107 година од нашата ера, откако тој ги повлекол од оптек сите истрошени републикански монети“, рекол експертот Најџел Милс.

Оваа монета се очекува да биде продадена на аукција на 22 октомври за значителна сума, а почетната цена се проценува меѓу 6.000 и 7.000 евра.

Кејпвел ќе го подели неочекуваниот приход со сопственикот на полето, каде што е пронајдена паричката. Тој вели дека ќе го потроши на нов детектор за метал, или на лекување.





Спонзорирани линкови

Маркетинг