[ВИДЕО] Популарниот готвач објавил рецепт за плескавица, ајвар и кајмак: Балканците се бесни

Точка

14/10/2024

12:53

10.069

Големина на фонт

а а а

Новозеландскиот готвач, Енди Хернден, на социјалните мрежи попознат по прекарот Енди Кукс, зад себе има 20-годишно искуство во разни ресторани, а во екот на пандемијата започнал со објавување рецепти на интернет.

Две години подоцна собрал еден куп следбеници. Само на ТикТок го следат речиси шест милиони луѓе, и со нив секојдневно споделува рецепти.

Направил „балкански бургер“

Неодамна, на споменатата социјална мрежа објавил видео кое го именувал „Balkan Burger – плескавица“ и ја покажал својата верзија на плескавица, ајвар и кајмак.

Балканците кои го виделе ова видео се, во најмала рака, бесни.

Што се однесува до месото – најпрво го сомлел, а потоа го измешал со кромид, лук, зачини и минерална вода. Својот кајмак го направил од фета сирење, намаз од сирење и кисела павлака.


Меѓутоа, најмногу внимание привлекла токму неговата верзија на ајвар. Енди испекол неколку пиперки и патлиџан во рерна, потоа ги излупи и само ги изматил во блендер со оцет и масло.

При склопувањето на плескавицата, на едната страна од лепчето го ставил својот кајмак, а на другата својата верзија на ајварот. Помеѓу била плескавицата и врз неа кромид. „Вкусно е“, вели тој на крајот од видеото.

Балканците се јавиле во коментари

Видеото има 360 илјади прегледи, а во коментарите се огласиле бројни Балканци разочарани од тоа што го гледаат.

„По ѓаволите, не. Ова не е ниту блиску до плескавица и е навредливо за вистинскиот ајвар“, „Ова не е кајмак, а не е ниту ајвар“, „Никогаш не го блендирај ајварот“, „Зошто претходно не истражите како всушност се прави? Не сакам да бидам безобразен, но не можам да го гледам ова“, „Сè направи на погрешен начин“, „Вистинскиот ајвар не е паштета“, „Речиси и да успеа“, „Изгледа вкусно, но тоа не е плескавица, бургерот е чуден, а за сосовите не сакам ниту да почнам да зборувам“, „Каде го најде овој рецепт? На Тему?“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг