[ВИДЕО] Вака изгледа одење на работа во град со 32 милиони жители: Ќе ви се „сврти во глава“, ова е буквален пекол!

Точка

14/10/2024

22:46

3.014

Големина на фонт

а а а

Во кинескиот Маунтин Сити, како што често го нарекуваат поради големиот број облакодери, живеат повеќе од 32 милиони луѓе, па секој сантиметар од просторот е скапоцен.

Тиктокерот Џексон, кој на социјалната мрежа се претставува со корисничкото име @journeyofjackson, често објавува видеа од градот Чунгкинг во Кина. Во своето последно видео Џексон покажал како се патува таму.

„Зошто е толку тешко патувањето во градот Чунгкинг? Прво треба да се симнам од 18 кат во зграда без лифт. За среќа, приземјето е на 12 кат. Потоа влегувам во метро кое личи на тобоган. „Возот буквално минува низ станбена зграда, зошто да не“, опишал Џексон.

Потоа зборувал дека патувањето му е доста стресно, па покажал како функционираат автобусите. Но, не бил воодушевен. „И така, автобусот некако ме однесе 20 ката на небото“, заклучил тој.

На многу од следбениците на Џексон таквото патување со воз и автобус им било навистина чудно, но од друга страна многу интересно. На прашањето колку е просечната месечна кирија во тој кинески град, Џексон одговорил 200-500 долари месечно.


„Вака го замислувам пеколот“, е само еден од коментарите под видеото.

Имено, во тој голем кинески град на реката Јангце има згради низ кои секојдневно минуваат возови, а во некои има дури и станица.

Во кинескиот Маунтин Сити, како што често го нарекуваат поради големиот број облакодери, живеат повеќе од 32 милиони луѓе, па секој сантиметар од просторот е скапоцен.

Затоа архитектите смислиле како да заштедат простор, а во исто време да изградат железница, без која градот нема да може да функционира.

Во градот Чунгкинг градската железница односно метро минува низ „дупка“ во облакодер од 19 ката. Споменатата зграда и придружната станица набрзо станаа туристичка атракција. Оваа метростаница се вика Лизиба и го зафаќа просторот од шести до осми кат.

Многумина веројатно се прашуваат дали бучавата од возовите што минуваат не им пречи на жителите. Станицата и самата железница се изградени на посебен начин, со цел да се намали бучавата. Возот наводно не е погласен од машината за перење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг