Ѕвер на тркала: Ова е најмоќното "Ferrari" досега

Точка

18/10/2024

13:14

443

Големина на фонт

а а а

Најновото "Ferrari" е најмоќниот модел на оваа марка досега, а неговиот мотор има 1.200 коњски сили.

Тоа е "Ferrari F80", „наследникот“ на "LaFerrari" по осум години, а оние кои сакаат да го поседуваат во својата гаража ќе треба да издвојат 3,6 милиони евра.

Првите примероци ќе бидат направени за околу една година, а серијата е ограничена на 799 примероци, што ја прави уште поексклузивна.

Овој автомобил има хибриден погон, а во неговото „срце“ има бензински V6 мотор со 900 коњски сили, како и три електромотори кои додаваат вкупно 300 „коњи“.

Постојат три режими на возење, а "Ferrari F80" треба да достигне 100 км/ч за 2,15 секунди. Неговата максимална брзина е поставена на нешто повеќе од 350 км/ч.


Електричните мотори се развиени независно од "Ferrari" , за гумите е задолжен "Michelin", додека сопирачките, се разбира, ги потпишува "Brembo".




Спонзорирани линкови

Маркетинг