Може да се појави на која било возраст: Шест вообичаени знаци на нетолеранција на глутен

Точка

12/10/2024

16:39

4.335

Големина на фонт

а а а

Нетолеранцијата на глутен претставува здравствена состојба која честопати ги исцрпува луѓето, а притоа многумина не се ни свесни дека ја имаат оваа дијагноза.

Нетолеранцијата на глутен се нарекува и целијакија, а се јавува кога имунолошкиот систем на телото реагира абнормално на глутенот, што доведува до оштетување на тенкото црево. Со текот на времето, површината на цревата се намалува, што значи дека заболените лица можат помалку ги апсорбираат хранливите материи и правилно да ја преработуваат храната.


Додека целијакијата е најсериозен облик на нетолеранција на глутен, нецелијакична чувствителност на глутенот и алергијата на пченица исто така можат да предизвикаат слични но послаби симптоми.

Еден од митовите за нетолеранцијата на глутен е тврдењето дека мора се родите со неа. За жал, ова погрешно сфаќање доведува до тоа многу луѓе да останат недијагностицирани бидејќи сметаат дека овој проблем не се јавува во подоцнежните години.

Всушност, нетолеранцијата на глутен може да се појави на која било возраст, дури и кај оние кои никогаш порано немале проблем со глутенот, а ова се некои од вообичаените симптоми.

Нередовно празнење на цревата

Нередовното празнење на цревата е веројатно најчест знак на нетолеранција на глутен.


Со оглед на тоа дека цревата не можат правилно да ја преработат храната богата со глутен, честопати доаѓа до појава на дијареја или запек.

Замор

Нетолеранцијата на глутен може да предизвика замор поради две причини. Првата е затоа што телото природно повеќе ќе се измори кога не може да апсорбира доволно хранливи материи.


Втората е тоа што хроничната болка и мачнина предизвикани од интолеранцијата на глутен, психички го исцрпуваат човекот и можат да го нарушат сонот.

Болки во желудник, мачнина и подуеност

Болката во стомакот и мачнината честопати се јавуваат кај лицата кои се нетолерантни на глутен.


Тие најчесто се предизвикани од подуеноста, кога гасовите предизвикани од процесот на дигестија се задржуваат, што доведува до болно чувство на заситеност.

Реакции на кожата

Еден од вознемирувачките знаци на нетолеранцијата на глутен се реакциите на кожата. Дерматитис херпетиформис е состојба на кожата која предизвикува чешање и болни меурчиња. За жал, кај многумина заболени, херпетиформниот дерматитис погрешно се дијагностицира како егзема, иако најчесто може да се излекува со безглутенска исхрана.

Ненадејно губење на телесната тежина

Доколку дојде до појава на ненадејно слабеење тоа може да биде знак на нетолеранција на глутен.


Комбинацијата на намалената апсорпција на хранливите материи и зачестеното празнење на цревата можат да доведе до тоа луѓето кои се нетолерантни на глутен да не добиваат доволно енергија од храната која ја консумираат.

Болка или трпнење на екстремитетите

Глутенот може да влијае врз екстремитетите на заболеното лице на неколку начини. Постои сомнеж дека нетолеранцијата на глутен е одговорна за зголеменото ниво на болка во зглобовите и мускулите.


Медицинските експерти сметаат дека постои поврзаност помеѓу интолеранцијата на глутен, невропатија и генетски условените чувствителни нервни системи. Тоа значи дека луѓето кои се нетолерантни на глутен истовремено се чувствителни и на болка, додека истовремено чувствуваат и вкочанетост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг