„Се сметам себеси за многу среќен“: Зборовите на Луис Енрике за смртта на 9-годишната ќерка се срцепарателни

Точка

15/10/2024

22:11

2.041

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике зборуваше за смртта на својата ќерка Сана, која почина на девет години од рак…

Спортот носи некои добри, а некои помалку убави спомени, среќа, тага, ерупција на емоции кога тимот за кој навивате победува или губи. Но, има нешто многу поважно од спортот, тоа е животот и времето поминато со вашите најблиски. Една таква приказна истовремено ја покажува поврзаноста на тие две работи, тагата и како да се справиш со трагедијата.

Луис Енрике е еден од најуспешните шпански тренери, ја освои Лигата на шампионите, домашните титули, Лигата на нации, беше прогласен за тренер на годината и низ сето тоа помина со крената глава, откако изгуби дел од душата, дел од себе. Неговата ќерка Сана почина во 2019 година на деветгодишна возраст. За жал, ракот на коските бил посилен од неа…

Луис зборуваше за неа многу пати, главно со насмевка и убави спомени од неа. Така беше и во последното интервју што го даде. „Дали се сметам себеси за среќен или несреќен? Се сметам за среќен. Многу среќен. Но... што ако вашата ќерка умре на девет години … Мојата ќерка дојде и помина девет убави години со нас. Имаме илјадници спомени за неа, видеа, неверојатни работи“, изјави Енрике.

Зборуваше за неа со одбрани зборови, не плачеше, но се беше многу емотивно и шокантно само да се слуша, а камоли нешто друго… „Мајка ми никаде немаше слики од Сана. Ја прашав зошто. И кажав дека не може така, дека мора да стави, дека таа жива. Физички не е со нас, но духовно е тука. Секој ден зборуваме за неа, се смееме, ја паметиме. Сметам дека таа се уште не гледа. Мамо, како сакаш да мисли дека живееме? “, вели Енрике.

Луис Енрике се ожени со својата долгогодишна девојка Елена Куљељ во 1997 година. Една година подоцна им се роди синот Пачо, а во 2000 година се роди Сира, а во 2010 година Сана која за жал повеќе не е тука…




Спонзорирани линкови

Маркетинг