Калафиори: Ова е поинаква Италија од ЕП…

Дерби

15/10/2024

13:19

607

Големина на фонт

а а а

Италија ја оправда улогата на фаворит и го совлада Израел со 4-1 на натпреварот во Удине и со тоа го задржа првото место во групата 2, сегментот А во Лигата на нации.

„Аѕурите“ имаат три победи едно реми во ова натпреварување, па тоа носи самодоверба и порака дека овој тим е сосема поинаков од Европското првенство на кое Италија со многу мака ја мина групната фаза за да потоа биде преслушана од Швајцарија во првата нокаут рунда.

- Ние сме сосема поинаков тим, можете да видите како сега доминираме во играта. Сега мораме да продолжиме вака, заборавивме на ЕП и го користиме тоа како мотивација да бидеме подобри во иднина, -вели Рикардо Калафиори кој воедно смета дека мора да се поправат во дефанзивата со оглед на тоа што осум средби во низа ја немаат сочувано својата мрежа.

- Мораме да ги подобриме ситуациите при прекини, бидејќи е очигледно дека честопати примаме гол во истите. Не знам дали сме неорганизирани или расеани, тоа е единствениот дефект на нашата игра во моментов и мора да работиме за да го решиме, - порача членот на Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг