[ВИДЕО] Ремек дело кое ќе се врти: Магијата на Актуркоглу за потврда на победата на Турција

Дерби

15/10/2024

08:38

941

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Турција со пресврт и со четири гола во вториот дел успеа успешно да го реши гостувањето кај Исланд во рамките на 4. коло во Лигата на нации.

Турците славеа со 4-2, а еден од играчите кој го одбележа овој триумф, поточно имаше највисока оценка е Керем Актуркоглу.

Офанзивецот блескаше, имаше клучни потези и реакции со тоа што најдобриот, најубавиот го остави за крај кога во 95 минута изведе магија и постигна супер гол за потврда на трите бода на својата репрезентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг