Поранешниот спортист убиен од своето момче! Страшни детали од трагедијата

Точка

15/10/2024

23:02

14.042

Големина на фонт

а а а

Јане Пухака, првиот фински хокеар кој отворено призна дека е геј, беше убиен на 30-годишна возраст.

Според медиумите од Финска, Пухака бил убиен од неговото момче Ролф Нордмо (66). Според информациите, убиството било извршено со сачмарка за која убиецот имал дозвола.

Полицијата се сомнева дека делото е со умисла, а овој случај се истражува како убиство. Се пишува и дека Нордмо признал дека тој е одговорен за пукањето.

Тој бил уапсен на самото место, а објавена е и изјава.


„Ние имаме прилично добро разбирање за тоа што се случило. Но, се разбира, само се сомневаме дека Нордмо го извршил убиството и истрагата е во рана фаза“, рекол комесарот за криминал и шеф на истрагата.

На 22 јуни, Нордмо и Пухака прославија 10 години врска.

Набрзо откако беше потврдена смртта на Пухака, поранешната финска премиерка Сана Марин се огласи на Инстаграм за да сподели слика од поранешниот хокеар со емотикони со скршено срце.


„Испраќаме искрено сочувство до неговото семејство, неговите роднини и сите негови поранешни соиграчи“, се вели во соопштението на хокеарскиот тим Рапацес де Гап преку Инстаграм во понеделникот, на 14 октомври.

Освен што напишал мемоари за својот живот, Пухака искрено зборувал и за сè што му пречело.

Според спортистот, тој првично одлучил да не го открива својот сексуален идентитет на семејството, пријателите или соиграчите.

„Бев исплашен и не сакав луѓето да знаат за мојата сексуалност“, рекол Пухака во 2022 година.


„Се плашев од начинот на кој ќе бидам перципиран во ултра-машкиот свет на спортот.

Пухака подоцна излегол пред своето семејство и кажал дека неговото момче е 37 години постаро од него. Тој потврдил дека неговите роднини добро ја прифатиле веста.

„Сите коментари ни се прилично смешни и штом луѓето ќе почнат да ни зборуваат и да не запознаат, генерално се многу топли“, рекол Нордмо за првичните реакции на луѓето за нивната романса.

„Често велам дека Јане е стара душа во младо тело, а јас сум млада душа во старо тело.