Ѓоковиќ фрапира со планот околу тоа што ќе прави кога ќе ја заврши кариерата: Ова никогаш претходно не го споменувал, а било толку очигледно

Точка

15/10/2024

17:49

2.112

Големина на фонт

а а а

Што би можел Новак Ѓоковиќ да работи кога веќе еднаш ќе одлучи дека му е доста од тенисот? Сега, со своето откритие тој ги шокирал сите.

По поразот во финалето на мастерсот во Шангај со 7:6(4), 6:3, српскиот тенисер во интервју за „Vogue“ зборувал што ќе прави кога повеќе нема да игра тенис.

Списокот на неговите интереси е долг колку и списокот на јазици кои ги зборува, но тој за прв пат истакнал една работа пред да оди на егзибиција во Ријад.

За саксофон зборувал и претходно, но не и за глумата.


„Има многу работи. Ме интересираат многу работи. Сè уште сакам да научам да свирам саксофон! Навистина да научам. Пред неколку години свирев пристојно некое време, но потоа станав лош бидејќи не вежбав доволно и редовно. Сега ме потсетивте на тоа. Би сакал да научам да пеам, да свирам на некои инструменти. Саксофонот е број еден, но би сакал да научам да ги свирам и другите. Би сакал да научам и да глумам во театар, го обожувам театарот. Театарот пред сè, но сакам и филмови. Сепак, претпочитам жива интеракција. Сакам комедија и се обидувам да „соберам“ некои трикови од моите пријатели кои се актери, порачал Ѓоковиќ.

Впрочем, имаше многу снимки од Ѓоковиќ во театарот, а на неговите натпревари често може да се видат српски актери како Драган Јовановиќ.

Потоа појаснил дека неговиот интерес за уметност не завршува тука.


„Би сакал да научам да сликам и цртам и да правам работи. Јас сум исто така многу страстен за работи поврзани со здравје, закрепнување, ме интересира спортска наука, биотехнологија … Тоа е голема листа на работи што ме интересираат, некои од моите инвестиции се во тие области и се обидувам во различни партнерства да развивам брендови. Мојот тим и јас се обидуваме да споиме сè за да создадеме група на силни брендови. Би сакал да го проширам мојот бренд надвор од тенисот, надвор од филантропијата, во светот на бизнисот, велнесот и многу повеќе“, вели Ѓоковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг