Нетецера не успеа да ја изненади Халк Банка

Точка

15/10/2024

10:52

20.577

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во израмнет натпревар Лукоил славеше над УНИКА

Лукоил 4-2(1-1) УНИКА

Лукоил: Петар Лефков 6’ 26’ Горан Стојанов 38’ Лоренцо Николоски 34’

УНИКА: Арбен Нухиу 17’ Беким Љута 25’

Во цврст натпревар силите ги одмерија екипите на Лукоил и УНИКА, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со цврста игра. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Лефков, по оваа негатива екипата на УНИКА која во текот на целиот меч го користеше својот голман како голман играч започна со поофанзивна игра. Екипата на Лукоил одлично ја постави својата одбрана и не дозволувваше лесе продор до нивниот гол се до 17та минута од полувремето кога УНИКА успеа да искористи грешка во одбраната на Лукоил и да го израмни резултатот на 1-1. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра екипата на УНИКА преку Љута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт во 25та минута од натпреварот, но Лукоил имаше брз одговор и преку брз погодок на Лефков успеа да дојде до повторно израмнување. До крајот на натпреварот се играше цврста игра и двете екипи имаа одлични шанси но Лукоил имаше подобра реализација па на крајот успеа да слави со предност од 4-2.

Окта со колективна игра до сигурна победа над Аптив

Окта 7-2(3-1) Аптив

Окта: Живко Котевски 3’ Александар јовчевски 1’ 26’ Владислав Илиќ 9’ Бојан Станковиќ 26’ 38’ 40’

Аптив: Никола Ќамилов 18’ Љубиша Кузмановски 30’

Одличен почеток за екипата на Окта во дуелот со Аптив, тие уште на самиот старт одлично ја поставија својата игра што им донесе рано водство уште во 1та минута од полувремето преку Јовчевски. На Јовчевски во раната фаза од полувремето му се придружија Котевски и Илиќ со што предноста на Окта порасна на 3-0. Екипата на Аптив во своите редови внесе голман играч што допринесе за по отворена игра и намалување на негативата преку Ќамилов во 18та минута на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со одлична игра и со чести ротации одржуваше висок ритам на игра. Во 26та минута Окта преку Јовчевски и Станковиќ успеа да го зголеми водството на 5-1, ова ја примора екипата на Аптив да направи тактички измени во својот состав и преку Јовановски намали на 5-2. Сепак екипата на Окта имаше своја вечер не дозволи изненадување и на крајот славеше со 7-2.

Нетецера не успеа да ја изненади Халк Банка

Нетецера 3-5(0-1) Халк Банка

Нетцетера: Теодор Димитровски 37’ Кирил Костов 31 Михаил Теговски 40’

Халк Банка: Тигран Кандикјан 15’ Алпер Тахир 33’ Мартин Дамевски 24’ Дејан Петковски 32’ 40

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Нетцетера и Халк Банка, во текот на целото полувреме се играше егал натпревар во кој и двете екипи со цврста игра во одбраната не дозволуваа лесни приоди кон противничкиот гол. Голманите на двете страни беа на ниво на задачата се до 15та минута кога екипата на Халк Банка успеа да поведе преку голманот Кандикјан резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Халк Банка преку Дамевски во 24та минута успеа да зголеми на 0-2, по што екипата на Нетцетера успеа да наметне свој ритам и да го намали водството на 1-2. Eкипата на Халк Банка брзо успеа да ги консолидира своите редови и да ја зголеми предноста на 1-3. Во ваквата поставеност се до крајот на натпреварот Нетцетера се обидуваше да фати резултатски приклучок но Халк Банка беше присебна не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-5

Дуото Стојановски – Петковски го водеше Атлантик Груп до победа над Bestway Solution

Атлантик Груп 9-3(5-1) Bestway Solution

Атлантик Груп: Благојче Јовчевски 28’ Благојче Стојановски 10’ 16’ 17’ 32’ 37’ Бојан Петковски 6’ 35’ 36’

Bestway Solution: Филип Јаневски 23’ Васко Ефтимовски 6’ Петар Стефановски 1’

Натпреварот помеѓу Атлантик Груп и Bestway Solution започна со отворен фудбал кој резултираше со гол уште во првата минута кога Стефановски на Bestway Solution успеа да му донесе предност од 0-1. Тоа беше аларм за екипата на Атлантик Груп да ги консолидира своите редови и започне со притисок во предно поле, со ваквата игра Атлантик успеа да направи целосен резултатски пресврт и да замине со предност од 5-1 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам екипата на Атлантик Груп беше настојчива и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Bestway Solution се обиде преку агресивна игра да се врати во натпреварот но Атлантик Груп не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 9-3.