Ова се 4-те најстрашни предвидувања на Стивен Хокинг: Дел од нив почнаа да се остваруваат

Точка

11/10/2024

11:59

21.597

Големина на фонт

а а а

Постои и петто пророштво на Стивен Хокинг, но овој научник верувал дека тоа никогаш нема да се оствари

Стивен Хокинг бил човек со нескротлив дух. Роден е како здраво дете во семејство на медицински работници. За време на студиите ја дознал ужасната дијагноза: амиотрофична латерална склероза.

Иако лекарите не биле оптимисти, Стивен докажа дека силниот ум може да направи речиси се. Кога му откажале речиси сите мускули, кога дишел низ трахеална цевка поради тешка пневмонија, ја поместил инвалидската количка користејќи го само својот образ.


И покрај инвалидитетот, овој англиски физичар водел многу активен живот и бил дел од многубројни конференции.

На 14.03.2018 тивко заспал и не се разбудил.

Зад себе го остави предвидувањето на 4-те најтрагични патеки на човековиот развој:

• нуклеарна војна,

• создавање на генетски модифицирани вируси,

• глобалното затоплување,

• развојот на вештачката интелигенција која одлучува дека луѓето се вишок.


Точно, има и петто меѓу неговите предвидувања: човештвото ќе се разуми и наместо со уништување, ќе се вклучи во создавањето, вклучително и заминување во вселената на други планети. Но, научникот овој пат го сметал за најневеројатен.