Најпопуларни АИ алатки за аплицирање за работа

Точка

29/05/2026

11:01

504

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција брзо станува вообичаена алатка при аплицирање за работа, а во последните 24 месеци ја користеле 70 отсто од возрасните во САД и 64 отсто во Обединетото Кралство.

Според новото репрезентативно истражување на „Statista+“, спроведено во јануари 2026 година, можностите што ги нуди користењето на вештачката интелигенција при аплицирање за работа се разновидни и опфаќаат различни делови од целиот процес.

Најчесто користени алатки во САД и Обединетото Кралство биле моделите на големи јазични системи (LLM), како што е „ChatGPT“, кои ги користат 73 отсто од Американците и 86 отсто од Британците.


На второто место во САД се нашле генераторите на биографии и мотивациски писма, како „Canva“, „Kickresume“ и „Adobe“, кои ги навеле 58 отсто од испитаниците. Во Обединетото Кралство, пак, втори најпопуларни биле алатките за оптимизација на текст и документи, како „Grammarly“ и „LanguageTool“, кои ги користеле 46 отсто од испитаниците.

Иако прифаќањето на вештачката интелигенција е релативно високо во двете земји, се чини дека и натаму постојат одредени сомнежи поврзани со оваа технологија.

Имено, околу шест од десет испитаници во двете држави изјавиле дека кандидатите треба да бидат внимателни и да ја користат вештачката интелигенција на начин што нема лесно да биде препознаен.