Уморни сте после јадење? Оваа храна може да биде причинител за пад на енергијата

Точка

02/10/2024

09:59

737

Големина на фонт

а а а

Ако се чувствувате уморно после обилен оброк, не сте сами. Всушност, постојат многу фактори кои можат да придонесат за замор по оброкот, а тоа е вообичаен проблем со кој се соочуваат многу луѓе.

Според Џесика Кординг, регистрирана диететичарка и авторка на книгата „The Little Book of Game Changers“, постпрандијалната сомноленција (т.н. чувство на умор по јадење) може да има неколку различни причини.

Таа објаснува дека составот и големината на вашите оброци можат да играат улога со промена на нивото на шеќер во крвта и одредени хемикалии во мозокот, како што е серотонин, кој го регулира сонот. Други фактори исто така можат да играат улога, вклучувајќи колку спиете и колку физичка активност имате секој ден.


Иако е прилично нормално одвреме-навреме да се чувствувате уморно по јадење, веројатно е добра идеја да го посетите вашиот лекар ако секојдневно се чувствувате исцрпено.

Уморот може да биде знак за многу други сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи автоимуни состојби, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на железо, анксиозност, депресија и нарушувања на спиењето.

Кординг исто така објаснува дека состојбата наречена реактивна хипогликемија може да предизвика ниско ниво на шеќер во крвта два до пет часа по јадење, што резултира со умор, потење и треперење.

Преоптоварувањето со храна богата со триптофан (вид аминокиселина) може да предизвика пад на нивото на енергија после оброк. Триптофанот се користи за производство на серотонин, кој може да игра улога во она поспано, сито, блажено чувство кое го добивате веднаш по оброкот.


Ако некогаш сте доживеале „кома“ од храна после вечерата, можеби за тоа е виновен триптофанот кој се наоѓа во мисиркиното месо. Други вообичаени извори вклучуваат пилешко месо, риба, млеко, јајца, семиња и соја.

Внесот на јаглехидрати може да доведе до попладневен пад, поради што може да се чувствувате уморно откако ќе изедете шеќер или слатки.

Кога некој јаде оброк со многу висок удел на јаглехидрати кој нема многу протеини, масти или влакна за да го ублажат разградувањето на тие јаглехидрати, може да дојде до краткотраен пораст на енергијата бидејќи се зголемува нивото на шеќер во крвта. Сепак, тогаш доживуваат умор поврзан со падот на шеќерот во крвта кој следува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг